Денес, 12 Август, Командата за обука и доктрини (КОД) успешно реализираше доброволна хуманитарна акција и собраните средства од вработените ги предаде на подрачните единици на организацијата на Црвен Крст. Оваа хуманитарна акција за собирање облека, обувки и училиштен прибор е уште една од низата плански активности со кои КОД го одбележува Денот на Армијата на Република Македонија „18-ти Август“.
Собраните средства од касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес ги прими претседателот на општинската организација на Црвениот Крст од Велес. Истовремено, средствата кои беа собрани од вработените од гарнизон Криволак се предадени на општинската организација на Црвен Крст од Неготино. Дел од собраните средства Црвениот Крст ќе ги предаде понатаму на семејствата од тетовскиот регион погодени од невремето во минатиот период.
Со оваа хуманитарна акција продолжи манифестацијата на хуманоста на вработените во КОД како и добрата соработка со општинските организации на Црвениот Крст.