Резидентните и нерезидентни аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, денес беа во посета на единиците на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) лоцирани во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево. Истите беа пречекани од командантот на 1.мпбр, полковник Бесник Емини и командантот на гарнизонот Кичево, потполковник Горан Трајаноски.
За време на посетата, преку кратки презентации, одбранбените аташеи беа запознаени со мисиите, организациско-формациската структура, задачите, активностите, како и со предизвиците и идните планови на 1.мпбр и 4. механизиран пешадиски баталјонот (4.мпб) од составот на 1.мпбр. По презентациите, командантот на бригадата и персоналот од командата и штабот на 4.мпб, одговараа на прашањата од аташеите за сегашните и идните активности на единицата.
По посетата на касарната, одбранбените аташеи ја посетија и општината Кичево, каде имаа средба со градоначалникот на општината, г-дин Фатмир Дехари.
Посетата на единиците на 1.мпбр од страна на воените аташеи претставува редовна активност која се реализира врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана и Асоцијацијата на одбранбените аташеи акредитирани во земјава.
ГЃ/ЧС/БН