Согласно годишниот календар за обука за 2019 година, на терените на планините Дешат и Бистра, припадниците на оклопно извидувачкиот вод од 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб), од составот на 1. механизирана пешадиска бригада со менување на локациите успешно реализираа стручно-специјалистичка обука на тема: „Базирање и исхрана во природа“.
Целта на оваа логорување е персоналот од извидувачкиот вод практично да се соочи со опстојувањето во природата, создавајќи си самите услови за живот и работа, со изработка на објекти за сместување, исхрана и користење на флората и фауната од планините и реките во поширокиот реон на селата Лазарополе и Битуше.
Во текот на логорувањето припадниците на оклопно извидувачкиот вод, практично ја покажа обученоста и психофизичката подготвеност за успешно реализација на обуката во реални услови и посветеноста за извршување на обврските и задачите, изолирани од цивилизацијата, без секојдневните средства и намирници за живот и работа.
ГЃ/ЧС/БН