Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, припадниците на 1. пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа денот на единицата 26-ти февруари, денот кога во 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, била формирана 3-та Македонско Народно Ослободителна Ударна Бригада.
На свеченоста присуствуваше делегација од Командата за операции (КО) предводена од заменикот на командантот на КО, бригаден генерал Орце Јордев, делегација од командата и штабот на 1.пбр предводена од командантот на бригада, бригаден генерал Бесник Емини и командантите на баталјони од составот на 1.пбр.
Пред стројот на баталјонот и присутните гости со свои говори се обратија командантот на 1.пбр, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1.пб, потполковник Љупчо Велков.
Беа наградени и пофалени одреден број на офицери, подофицери и професионални војници, а во рамки на одбележување на Денот на единицата, делегација од баталјонот положи свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Жегљане и беше реализирана крводарителна акција.
ГЃ/ЧС