Како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба: „Македонски Блесок 10“ која ќе се реализира во првата половина на месец Април на Армискиот Полигон (АП) „Криволак“ во центарот за обука „Пепелиште“ во период од 10.02. до 14.02.2014 година се одржа Главната Планирачка Конференција (ГПК) за вежбата.
Вежбата претставува годишна планска активност од ГШ на АРМ, чиј носител на активноста е Здружена Оперативна Команда (ЗОК) и 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со цел НАТО оценување НИВО-2 на декларираните единици според Концептот за оперативни способности на НАТО (OCC).
Како дел од стандардните процедури по отворањето на конференцијата од страна на директорот на вежбата се проработи брифингот за сценарио за вежбата, единиците кои ќе учествуваат на вежбата, организацијата и поставеноста на раководството на вежбата, логистичката поддршка и мрежното поврзување за редовна комуникација на учесниците на вежбата. Потоа, се продолжи со реализација на останатите содржини на агендата и тоа: финализирање на планот на вежбата (EXPLAN) и негово одобрување, изработка на листа на персонал кој ќе учествува на вежбата, план за врски, програма за Денот на високи гости, листата на покани и програмата за набљудувачите на вежбата.
За важноста на претстојната активност говори и фактот што за цело време на планираните активности за ГПК се реализираше и советодавна посета за НАТО оценување ниво 2 на декларираните единици од страна на претставници од Врховната команда на сојузничките сили на НАТО ( SHAPE) во период од 10-14.02.2014 година, како и посетата од страна на Заменикот на Командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и претставници од ГШ на АРМ. Притоа, посетителите беа брифирани за можностите на АП Криволак, за спецификацијата и Планот за вежбата, сценариото на вежбата, структурата и статусот на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Лесната Маневарска Болница (ЛМБ), како и главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ).
На ден 12.02.2014 година учесниците на ГПК и НАТО советодавната посета извршија извидување на капацитетите за сместување на персоналот за време на вежбата, просторот за реализација на вежбовните активности и просторот за презентирање на активностите за Денот на високи гости.
Во текот на петдневната работа на конференцијата работен јазик беше англискиот, и при тоа беа изработени сите документи кои се предвидени со стандардно оперативните процедури на НАТО и се во согласност со Директивата за планирање 75-3 Bi-SC за оваа планирачка фаза.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на работната конференцијата претставуваат добра основа за понатамошни индивидуални подготовки и работа до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Финалната планирачка конференција за вежбата „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 10“.