Командантот на Командата за операции (КО), генерал-мајор Павле Арсоски, традиционално на завршетокот на секоја година и оваа година, во деновите 6, 10 и 11.12.2019 година пред строевите на припадниците од потчинетите единици реализира годишни информирања.
Командантот во текот на информирањата во гарнизоните Скопје, Петровец и на припадниците од КО во Куманово, нагласи дека сите можеме да бидеме задоволни од напорите, залагањата и од ангажирањето на персоналот од единици, извршувањето на секојдневните задачи и активности кои ја одбележаа изминатата година, воедно да се задржи континуитетот, и во иднина година да се продолжи со добрата работа.
Го истакна и текот на трансформацијата и останатите сегменти од делокругот на работата на единиците, а кои можат да имаат влијание врз готовноста на единиците, состојбата со персоналот, обуката и опремата како и реализираните задачи во оваа година. Исто така напомена дека можеме со право да се надеваме дека наредна година, како полноправна членка на НАТО ќе се створат и подобрат условите за живот и работа, а со тоа да бидеме спремни како и секогаш, извршувањето на планираните задачи и обврски, да биде на потребното рамниште, како што се бара од сите припадници на Армијата.
На крајот од информирањата, командантот на КО на сите припадници од првопотчинетите единици и командата на КО, како и на нивните семејства им ја честиташе новата година со желби за добро здравје како и многу успех на личен и професионален план.
ЧС/ПА