Во период од 11 до 12 јуни 2019 година во првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр) и бригадата за логистичка поддршка (брЛП) беа реализирани инспекции на специфицирана област на единиците на Армијата согласно одредбите на „Виенскиот Документ 2011“. Тимот за инспекцијата беше во состав од тројца претставници и тоа двајца претставници на ВС на Р. Хрватска и еден инспектор од ВС на Црна Гора.
За време на посетата беа реализирани брифинзи за единиците со кој инспекцискиот тим беше запознаен со историјата и мисијата на единиците, организациско-формациската структура и главната опрема, локацијата на потчинетите единици, терените за обука, активностите на единиците како и за нивоата на логистичка поддршка.
Претходно тимот за инспекција на специфицирана област согласно одредбите на Виенски документ 2011 исто така беше во Полкот за специјални операции.
По реализацијата на презентациите, претставниците од штабот на единиците одговараа на прашања на членовите на инспекцискиот тим.
ГЃ/ЗВ/ЛС/ЧС