Со цел зајакнување и проширување на капацитетите за водење на операции во зимски услови, ренџерите од борбено извидувачката чета на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон (ИРб), реализираа напредна обука во зимски услови.
За време на обуката која се реализираше на падините на планината Голак, припадниците демонстрираа висок степен на професионалност и издржливост.
При планирање на операции во зимски услови треба да се земат предвид повеќе аспекти, како носење на дополнителна опрема, облека и нивно комбинирање, правилна исхрана и хидратација за време на обуката, што дополнително потврдува дека македонските ренџери се подготвени за борба во зимски услови.
Покрај останатото, беше презентирана способноста да се преживее на температура под нулата, со примена на тактики, постапки, процедури и способности на индивидуално и тимско ниво, низ тактички извежбувања на дадена тактичка претпоставка.