Согласно годишниот календар за обука на командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) клучниот персонал од командата и штабот на 1.пбр реализираа командантско извидување во зоната на одговорност во југоисточниот дел од земјата во поширокиот реон на Општина Радовиш и Струмичко.
Целта на оваа активност беше извидување на просторот како дел од обуката за тактичко планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, организација на одбраната и нападот и начинот на содејство и координација со цивилните структури на јужниот стратегиски правец.
ГЃ/ЧС