Во Центарот за симулации во Командата за Обука и Доктрини (КОД) во Велес, 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), заврши тридневната компјутерска симулациона вежба „Механизиран пешадиски баталјон во напад“. Покрај припадниците на 3.мпб на вежбата учествуваше и персонал од Центарот за симулации, главно оператори на системот за симулации.
Персонал од 3.мпб, планирачкиот процес за оваа вежба го започна неколку дена пред почетокот на вежбата. Во планирачкиот процес беа дефинирани мисијата, силите, теренот како и тактичките постапки за извежбување на штабот, командирите на чети и командири на водови од 3.мпб.
Ова е втора вежба од ваков карактер која ја реализира 3.мпб, од која ќе произлезат научени лекции кои ќе се имплементираат при планирање на наредните вежби кои ќе се реализираат во Центарот и со другите единици од Армијата.
ГЃ/ЧС/БН