На ден 25.10.2018 година, со припадниците на Здруженaта оперативната команда (ЗОК) беше реализиран кондиционен марш, на релација сепарација Красте – с.Пчиња–с.Студена бара–с.Горно Коњари.
Кондициониот марш е планска активност на командата, во согласност со годишниот календар за обука и служи за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на ЗОК.
Маршот започна со превезување на припадниците на ЗОК од касарна „Боро Менков“ – Куманово до сепарација Красте, од каде што беше почетната точка на маршот. Потоа правецот на движење продолжи во правец на селото Пчиња, каде се наоѓаше првата контролна точка. По преминувањето на контролната точка се продолжи со реализација на маршот кон селото Студена бара од каде што се продолжи за село Горно Коњари кое беше крајната цел на кондициониот марш. Тука се одржа кратка анализа на која беше констатирано дека кондициониот марш е успешно реализиран. Со реализацијата на кондициониот марш припадниците на Здружено оперативната команда се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со стратегиските и тактички правци на дел од зоната на одговорност.
Активноста заврши со превезување на припадниците на Здружено оперативната команда назад во касарната „Боро Менков“ – Куманово.
ЧС