Во период од 30 март до 9 април, во организација на Ј-4 на ГШ на АРМ се реализира Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства (МиМЕС). Курсот го изведуваа сертифицирани инструктори на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) кои непосредно извршуваат должност од оваа област.
Цел на обуката е стручно оспособување на ракувачите за безбедно и правилно менаџирање (снабдување, одржување и уништување) со МиМЕС, запознавање со актуелните упатства, стандарди и нормативи како и мерките за пиротехничка безбедност.
За време на обуката покрај теоретскиот дел, беа посетени неколку логистички капацитети на АРМ, каде се изведоа и практични вежби клучни за лицата на овие должности.
Со обуката се опфатени 20 лица од ЗОК и останатите единици на АРМ, кои ќе бидат ангажирани во системот на менаџирање со МиМЕС. Предвидено е да се реализира обука на уште една група на ракувачи со МиМЕС во текот на месец мај.
На крајот од курсот, по полагање на завршниот тест слушателите ќе се здобијат со соодветни серификати за оваа област.