Во периодот од 13 до 22 октомври 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“, припадниците на декларираниот вод за Сојузничките сили за реакција, од 1.пешадиска чета на 2.пешадиски баталјон, реализираа Ситуациона тактичка вежба и tактички вежби со командирски гаѓања, со посебен акцент на интеграцијата и употребата на оклопните борбени возила „Страјкер“.
Вежбите се реализираа на тема „Изведување офанзивни и дефанзивни операции, како и операции за стабилизација и поддршка на мирот“. Преку практична обука, тактички постапки и координирано дејствување, припадниците на водот ги унапредија своите борбени вештини, тактичката подготвеност и интероперабилноста, со посебен фокус на интегрирањето на пешадиските сили со оклопните возила.
Со реализацијата на планираните активности се придонесе кон унапредување на способноста на водот за навремено и ефикасно извршување на задачите во различни услови.
ГЃ/ДЧ








