Мобилниот тим за обука (МТО) на 1. баталјон на полкот од Јоркшир на Обединетото Кралство, во улога на изведувачи на обука, успешно ги пренесоа своите знаења и вештини на идните инструктори од Ренџерски баталјон, КОД и 2.пб/1.пбр.
Целта на активностите е да се обучат инструктори од Армијата во тактиките, техниките и процедурите согласно НАТО стандардите, кој понатаму ќе ги пренесат на припадниците од лесната пешадиска баталјонска група.
На завршната церемонија се обрати заменикот командант на 1. пбр, полковник Васко Коколански, кој го истакна значењето за реализација на ваков тип на обука и истиот се заблагодари за несебичното залагање на инструкторите од Обединетото Кралство и останатите учесници за време на обуката.
ДК