Припадници на Баталјонот на Воена полиција (бВП), во изминатиот период реализираа „Обука за борба во зимски услови“ во реонот на гарнизон Тетово.
Основната цел на обуката е припадниците на бВП да се обучат, оспособат и извежбаат во тактиките, техниките и процедурите за живот и работа во отежнати услови при извршување на наменски задачи во разни земјишни, временски и метео услови, како и да го согледаат влијанието на студеното време и ниските температури врз луѓето и техниката при извршување на задачите во планински услови.
За време на обуката се извежбуваше давање на прва помош при смрзнување, ориентација и останати формациски и прирачни средства на терен покриен со снежна покривка, како и престој на припадниците во објекти за престој и засолнување во планина во игло, мечкина дупка и бивак. Возачите на моторни возила, во текот на обуката, ги унапредија нивните вештини за управување на тешко прооден терен и терен со снежна покривка.
Планираните теми на обуката во зимски услови беа реализирани успешно согласно планот за обука каде припадниците на бВП покажаа професионализам и подготвеност за извршување на доделените задачи и јакнење на тимскиот дух, што ќе овозможи да се стекне потребното ниво за изведување на задачите во планински услови.