Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со оддавање на почит и полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Боро Менков, беше одбележан патронатот на касарната, односно 83 години од загинувањето на народниот херој Боро Менков во реонот на село Белановце, Кумановско.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков, чие име со гордост го носи касарната „Боро Менков“, на денешната свеченост пред присутните се обрати потполковник Шпејтим Черими, командант на касарната.
Пред бистата на народниот херој свежо цвеќе положија делегации од: Командата за операции, предводена од началникот на штаб во КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, 1.пешадиска бригада, предводена од бригаден генерал Дејан Чиплаковски и делегација од Баталјонот за борбено-сервисна поддршка, предводена од потполковник Шпејтим Черими.
ГЃ/ДЧ