На ден 04.01.2015 година (недела) во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, беа одбележани патронатот на касарната и 72 годишнината од загинувањето на Народниот херој Мирче Ацев.
На свеченоста, покрај припадниците од артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, беа присутни и бројни гости, меѓу кои и претставници на локална самоуправа, сојузот на борци, верските заедници, здруженија на граѓани и невладини организации.
Церемонијата започна со полагање на свежо цвеќе на бистата на народниот херој и читање на биографијата за наредниот херој и македонски деец чие име го носи и касарната во Прилеп.
Букети свежо цвеќе од страна на претставниците од артб, претставници од Сојузот на борци и локалната самоуправа и учениците и професорите од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп беа положени и на Могилата на непобедените и на бистата во кругот на прилепската гимназија.