На ден 21.03.2018 година во гарнизоните: Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп припадниците од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите команди и единици традиционално го одбележаа „21 март – Денот на пролетта“.
Во еколошките активности се засадија повеќе стотина садници од бор и други видови на цвеќиња на повеќе локации во касарните.
Кампањата, чија цел е заштитата и унапредувањето на животната средина и природа во сите касарни каде се лоцирани единиците од составот на ЗОК се изведуваше и со чистење и средување на круговите на касарните и со одржување на еден наставен час на тема поврзана со екологијата односно зачувување и унапредување на животната средина и природата.
Во изминатите години припадниците на Армијата на Република Македонија активно се вклучуваат во сите акции од доменот на екологијата и заштитата на животната средина и даваат активен придонес во зачувување на животната средина воопшто.