Денес (27.08.2014 година) во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На свеченоста присуствуваа: заменикот на командантот на 1.мпбр полковник Велин Стојановски, претставници од 1.мпбр, локалната самоуправа, МВР, локалните медиуми и други гости.
Командантот на 3.мпб, потполковник Атанас Пановски во обраќањето пред присутните истакна дека припадниците на баталјонот, со својот труд, професионален однос, лојалност и одговорност при извршувањето на поставените задачи, покажаа дека се високо организирана и функционална единица која постигнува резултати достојни за почит.
На свеченоста беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот.
Свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците од составот на баталјонот.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 27 август е одреден за ден на 3.мпб, како ден на формирањето на 15 поречка ударна бригада, која е формирана е на денешен ден во Брезница, а чии традиции ги продолжува 3.мпб.