Денес (12.09.2014 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр).
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 12-ти септември е одреден за ден на бПВO, денот кога е истрелана првата ракета земја-воздух.
Командантот на бПВО, потполковник Трајче Денчевски во обраќањето пред присутните истакна дека припадниците на бПВО, со својот труд, професионален однос, лојалност и одговорност при извршувањето на поставените задачи, покажаa дека се високо организирана и функционална единица која постигнува резултати за почит.
На свеченоста присуствуваа: заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Доц. Д-р Мухамет Рацај, Командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, заменик на командантот на вбр потполковник Роберт Малезански, поранешните команданти на баталјонот ПВО, припадници на вбр, претставници од локалната самоуправа Петровец и претставници од МВР.
Пред стројот беа прочитани честитки од Началникот на ГШ на АРМ и командантот на ЗОК до припадниците на баталјонот, а по повод празникот беа доселени и стимулативни мерки.
Свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците од составот на баталјонот, а потоа присутните на организираниот Тактичко Технички Збор се запознаа со средствата со кои располага бПВО.