Припадниците на 4. пешадиски баталјон (4.пб), од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) традиционално го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“, чие име го носи касарната во гарнизонот Кичево.
По повод патронатот делегации од Армијата на Република Северна Македонија и делегација на сојузот на борци на општина Кичево положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“ која се наоѓа во алејата на великаните во кругот на касарната.
Командантот на 4.пб, потполковник Горан Трајаноски во својот говор, се наврати за животниот пат и патешествијата на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“, за бурниот животен пат и богатата воено-политичка кариера, за човекот кој секогаш се борел за правда и слобода за својот народ.
На патронатот присуствуваше заменик командантот на 1.пбр, полковник Горан Петрушевски, придружуван со персонал од командата и штабот на бригадата.
Прославувајќи го овој ден и сеќавајќи се на жртвите, ние со почит и благодарност ги продолжуваме традициите на нашето минато, се поклонуваме на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“ и наша одговорност е да остане во меморијата на идните генерации.