Во касарната „Јане Сандански“ во Штип со воена свеченост припадниците на 2. Пешадиски баталјон и останатите единици од касарната го одбележаа 22 април, патрониот празник на касарната.
На одбележувањето присуствуваше делегација од 1.пбр предводена од командантот, полковник Сашко Лафчиски, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и претставници на сојузот на борци на општина Штип, кои со полагање на свежо цвеќе му оддадоа почит на големиот револуционер и војвода Јане Сандански.
Пригоден говор одржа командантот на 2.пб потполковник Стојанче Костов, кој се осврна на ликот и делото на Јане Сандански, истакнувајќи дека со одбележувањето секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации.
Свеченоста беше збогатена и со културно уметнички настап на ученици од ДМУЦ Сергеј Михајлов и од Здружение за модерни танци „URBAN CREW“ од Штип.
По повод овој ден претходно беше спроведена и хуманитарна акција од вработените во касарната „Јане Сандански“ во која беа доделени хуманитарни пакети со облека и прехранбени продукти за социјално ранливи категории на граѓани, Дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост и аутизам и Мал групен дом за деца без родители.
ЈД/ЧС