Денес, 12-ти Ноември 2013 година (вторник), во Здружено Оперативната Команда ,,ЗОК“ во касарната „Боро Менков“ во Куманово со почеток во 10.00 часот се одржа полагање на потполковник Роберт Малезански припадник од воздухопловната бригада на АРМ за прва категорија на стручна и борбена оспособеност (или популарно – прв пилот) , кое претставува врв во достигнувањето во кариерата на еден воен пилот. На полагањето покрај комисијата од воздухопловната бригада присуствуваа и Командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, Заменик на Командантот на ЗОК бригаден генеал Мухамет Рацај и Началникот на Штаб во ЗОК бригаден генерал Стојан Димчов, началниците на секции од ЗОК и командантите на првопотчинетите единици на ЗОК.
За достигнување на нивото кое е потребно на воениот пилот да полага за прва категорија на СБО (стручна и борбена оспособеност ) кое се состои во полагање на теоретски дел потребно е да се исполнат многубројни критериуми како: да има поминато најмалку 4 години во пилотската служба како втор пилот, да има најмалку 700 часови лет, последната година да не му е изречена мерка поради повреда на правилата на служба и други.
Во досегашниот период повеќемина пилоти на воздухоплови од АРМ го имаат положено овој испит и се произведоа во звањето прв пилот. Овој начин на категоризација на пилотите е согласно препораките и стандардите на НАТО и меѓународната цивилна воздухопловна организација (ИЦАО) што значи дека пилотите на АРМ со ова звање се наоѓаат во самиот врв на обучени пилоти на воздухоплови во НАТО замјите и во светски рамки.
Потполковник Роберт Малезански денеска со успех го положи испитот и се здоби со звањето прв пилот зад себе има богата пилотска кариера и е пилот на борбени авиони: Галеб Г-2, Супер Галеб Г-4, надзвучниот ловец МиГ-21 и јуришникот Сухој 25, наставник по летање и пробен пилот на авионот Злин 242Л, пилот на борбен хеликоптер Ми-24 ,од 2001 година учествувал во селекција и обука на 10 генерации на пилоти во АРМ и е автор на неколку стандардни оперативни процедури и на Програмите за интегрирана обука на авионот Злин 242Л.