Командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски, со дел од клучниот персонал од командата и штабот на 1.пбр, оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, полковник Даг-Магне Лунде.
На средбата беше поздравена досегашната континуирано добра билатерална соработка со Кралството Норвешка, која посебно е изразена во образованието, обуката и курсевите. Воедно на денешната средба се разговараше за можна заедничка активност на двете инженериски единици. Одредена е заедничка обука од доменот на борбената инженерија како и генералната инженериска поддршка на АП „Криволак“ во периодот на реализација на вежбата „Resolute Castle 24“. Беше истакнато дека претставниците од ВС на Кралството Норвешка имаат големо искуство во реализација на овој тип на обука и интеграција со маневарските единици и можат своето знаење и искуство да го споделат со нашиот инжб. Во понатамошниот период ќе се дефинира точниот период на реализација на активностите околу заедничката обука на инженериските единици и во координација со КОД би се синхронизирале дел од планираните активности за 2024 година.
Џ.Р/СН