На ден 10.10.2019 година, Здружената оперативна команда (ЗОК) и потчинетите единици на ЗОК ги посети бригаден генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, новоангажираниот британски советник во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Бригадниот генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, беше пречекан од страна на Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, со кого оствари иницијална протоколарна средба.
За време на средбата со командантот на ЗОК, од страна со бригадниот генерал Лојд-Џонс беше информиран за неговата претстојна мисија во република Северна Македонија и беше изразена подготвеност за целосна и сесрдна помош при престојната трансформација на Армијата.
Командантот на ЗОК го информираше бригадниот генерал Лојд-Џонс за досегашниот тек на трансформацијата и идните планови врзани за истата.
Во 1. механизирана пешадиска бригада на бригадниот генерал Лојд-Џонс му беа презентирани идните планови за трансформација и обука на единиците со посебен акцент на пешадиските баталјони.