Резидентни и нерезидентни одбранбени аташеа акредитирани во Република Северна Македонија од повеќе земји, придружувани од командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и заменикот на командантот на 2.пешадиски баталјон, потполковник Митко Попов беа во обиколка на јужната граница во поширокиот реон на Гевгелија. Во нивна
За време на посетата на граничниот премин со Република Грција во караулата „Богородица“ за одбранбените аташеа беше реализиран брифинг за состојбата на ангажираните единици од составот на 1.пбр, како дел од Армијата ангажирани на јужната граница во справување со мигрантската криза.
На крајот од посетата аташеата го посетија и прифатниот центар за транзит на мигранти ,,Винојуг“ каде од одговорните беа запознаени со состојбата и досегашните искуства со мигрантската криза при што беше искажана благодарност за посетата.
Обиколката од Асоцијацијата на одбранбени аташеи е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со истата.
ДЈ/ГЃ/СЛ/ЧС