04.06.2025 година – Испраќање на воздухопловната компонента и тенковските единици кои беа учесници на вежбата „IR 25“. Им посакуваме среќен пат!
04.06.2025 година – На вежбата „IR 25” која се реализира во период од 25.05. до 07.06. во Р. Грција, учествуваше и персонал од Армијата на Република Северна Македонија во составот на мултинационалната дивизија, составена од една оклопна бригада од Р. Грција и 86. Infantry brigade combat team (86 IBCT) од САД. На Денот на високи гости присуствуваше бригадниот генерал Лулзим Нуредини. Во текот на вчерашниот ден на полигонот Бабај во Р. Косово се реализира Ден на високи гости на кој присуствуваше бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
03.06.2025 година – Припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со активностите на вежбата „IR 25“ на АП Криволак. Во текот на денешниот ден беше реализирани тактички постапки со вод, патролирање и подготовки за водните гаѓања, а во истиот период беше реализирано и гаѓање од страна на припадниците од САД.
Обраќања на претседателката Сиљановска Давкова и министерот Мисајловски на АП „Криволак“ – 02.02.2025 година
Ден за високи гости на вежбата „Брз Одговор 25“ – 02.02.2025 година
Отворен ден за граѓаните на плоштадот во Кавадарци – 01.02.2025 година
31.05.2025 година – Продолжуваат активностите на армискиот полигон Криволак. Беа реализирани боеви гаѓања со тенкови Леопард, поддржани со возила Хамви. Во попладневните часови се реализираа и гаѓања со борбените хеликоптери.
30.05.2025 година – Согласно сценариото на вежбата „силите на непријателот”, иако малубројни, пружаат тежок отпор.
29.05.2025 година – Eдиниците за врски рамо до рамо со нашите сојузници и партнери. Продолжуваме со исто темпо и на останатите активности на вежбата “IR 25”.
28.05.2025 година – Со несмален интензитет продолжуваат вежбовните активности на армискиот полигон Криволак. Во рамки на меѓународната вежба „IR 25“ денеска учесниците имаа обука за влез и излез од хеликоптер како и сместување во него. Дополнително се извежбуваа сигнали за наведување на хеликоптери и одредување на зона за истоварање на персоналот.
27.05.2025 година – Вежбовните активности на IR 25 на армискиот полигон Криволак се во тек. Денеска учесниците извршија запоседнување на база на патрола, пред изведување на планиран напад и движење на конвоите.
Запоседнување на база на патрола – 27.05.2025 година
26.05.2025 година – Денеска на армискиот полигон Криволак започна меѓународната вежба „Immediate Response 25“ со обука за маневар и подготовка за транспорт на персонал од учесници на вежбата со хеликоптер МИ-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ.
Свечено отворање на меѓународна вежба „Immediate Response 25“ – 26.05.2025 година
Прилог на ТВ Сител за вежбата „Брз одговор 25“ – 26.05.2025 година
Концерт во паркот на Франкофонијата – 25.05.2025 година
Третиот заеднички концерт на воените оркестри од Армијата на Република Северна Македонија и од Вермонт – САД,
беше одржан во паркот на Франкофонијата во Скопје на 24 мај во 12 часот.
25.05.2025 година – На армискиот полигон „Криволак“ пристигнаа учесниците на меѓународната вежба „Immediate response 25“ која официјално започнува од денеска и ќе трае до 9 јуни. Единиците од седум НАТО и две партнерски армии пристигнаа со своја формациска опрема и вооружување, меѓу кои тенкови „Leopard“, борбени и транспортни хелихоптери „AH-64 APACHE“ и „Black hawk“, оклопни возила „JLTV“ и „HMMWV“ и минофрлачи. IR-25 е мултинационална вежба со изведување на копнени борбени дејства и бојни гаѓања, преку кои се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.
Концерт на воените оркестри во парк „Магнолија“ во Битола – 24.05.2025
“Dynamic Employment of Forces to Europe for NATO Deterrence and Enhanced Readiness”
првични информации за вежбата
2025 година
Спецификации на вежбата:
ИМЕ:„IMMEDIATE RESPONSE 25“
ФОРМАТ: Мултинационална вежба со изведување на копнени борбени дејства и боеви гаѓања.
ОРГАНИЗАТОР: Европска команда на САД/Команда на Копнени сили на САД за Европа и Африка (USEUCOM/USAREUR-AF);
Армија на Република Северна Македонија – Команда за операции
ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕ: 26 мај – 9 јуни 2025 година
ОБЛАСТ: АП „Криволак“ – Република Северна Македонија
УЧЕСНИЦИ: Армии на 7 НАТО земји и 2 партнерски земји со околу 2200 учесници
(Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Национална гарда на Вермонт), Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединето Кралство и НАТО земји партнери Австрија и Косово.
Контингент на учесници од Армијата на Република Северна Македонија: 950 припадници на Армијата (Лесната пешадиска баталјонска група, воздухопловен ВИНГ, Логистичка база);
Контингент на учесници од Армијата на САД: 710 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Албанија: 30 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Грција: 50 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Италија: 30 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Црна Гора: 185 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Обединето Кралство: 2 учесници;
Контингент на учесници од Армијата на Австрија: 70 учесници;
Контингент на учесници од Косово: 150 учесници.
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕЖБАТА:
Името на вежбата „DEFENDER 25“ за разлика од претходните изданија на DEFENDER, сега претставува акроним, кој означува „Динамично ангажирање на силите во Европа за одвраќање и зголемена подготвеност на НАТО“, која ќе се одржи во периодот од 11 мај до 24 јуни 2025 година.
„DEFENDER 25“ е најголемата вежба на американската армија во Европа, закажана од Европската команда на САД, а реализирана од американската армија за Европа и Африка. Во вежбата, вкупно учество ќе земат околу 25.000 припадници од сојузнички и партнерски земји, од кои 13.000 припадници учествуваат од 29 земји, а 18 земји од нив ќе бидат домаќини.
Оваа година, шестото издание на „DEFENDER 25“, се фокусира на стратешко распоредување на силите, употреба на однапред позиционирана армиска опрема и последователни вежби што демонстрираат смртоносна способност и интероперабилност со сојузниците и партнерите.
Вежбата ќе се реализира во три фази и тоа преку вежбите Swift Response, Immediate Response и Saber Guardian.
Вежбата „Immediate Response 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа како дел од вежбата“Defender Europe 25” предводена од Армијата на САД која се изведува на територијата на членките на НАТО од јужниот дел на Европа и во која учествуваат и Армиите на НАТО од Европа: Црна Гора, Албанија, Италија, Грција, Обединето Кралство и единица од Австрија и Косово како дел од заедничката програма за вежби на USEUCOM-AF.
Вежбата Immediate Response 25 ќе се реализира во периодот од 26.05. до 09.06., на која учество ќе земат околу 12.000 припадници, од кои 4.000 припадници на САД и 8.000 припадници од сојузничките и партнерските сили од 19 земји, организирани од 8 земји домаќини: Македонија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, и Словачка. Вежбата демонстрира.
Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 2230 армиски припадници од 7 земји членки на НАТО и две земји партнери и годинава ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија.
Сценариото на вежбата „Immediate Response 25“ е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река, и АБХ одбрана вежби.
Придобивки од изведување на вежбата
Зајакнување на командни и штабни вештини на персоналот;
Подобрување на способностите преку заедничка обука и усогласување на своите тактики, техники и процедури со стандардите на Алијансата;
Можност за потврда на подготвеноста, мобилноста и координацијата на декларираната лесна пешадиска баталјонска група;
Потврда на можностите на нашите армиски капацитети за изведување на вежби од големи размери;
Зголемена стратешка позиција во рамките на НАТО преку учество и прием на меѓународни сили;
Поцврсти воени односи со соседните земји; и
Зајакнување на цивилно-воената соработка.
ЦЕЛИ НА ВЕЖБАТА:
Синхронизација на комбинирани вооружени сили и потврда на тактиките, техниките и процедурите со другите земји учеснички на НАТО Алијансата за спроведување на координирани конвенционални и здружени операции во урбана средина во сите временски услови;
Подобрување на нивото на интероперабилност на декларираните состави и извежбување со земјите партнери;
Промоција на полигонот „Криволак“, како капацитет за обука;
Потврдување на националните/партнерските RSOI (Reception, Staging, Onward Movement and Integration) процедури;
Реализација на ефективност во командувањето при реализација на процесот на донесување на воена одлука (ПДВО), преку користење на аналогни и дигитални процеси.
Градење на подготвеност и меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу армиите на НАТО и партнерските армии, низ широк спектар на речиси симултани операции, кои се изведуваат во повеќе зони.
ЕЛЕМЕНТИ НА ВЕЖБАТА:
Планирање и реализација на здружени вооружени операции во урбана средина.
Организациска структура со интеграција на партнерски единици за обезбедување функционалност на системот на командување и контрола (КиК) за планирање и реализација на комбинирани борбени операции и борбени операции во урбани средини.
Спроведување на операции за експедитивно распоредување.
Координирање на тактики, техники и процедури за комбинирано вооружено дејство.
Потврдување на планирањето на комуникациско-информацискиот систем и процедури за размена на информации.
Потврдување на процедурите за разузнавање, со цел спроведување на комбинирани борбени операции.
Подобрување на улогата за логистичката одржливост.
ПЛАНИРАЧКИОТ ПРОЦЕС ЗА ВЕЖБАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 18 МЕСЕЦИ:
31.07-04.08.2023 – Работилница за изработка на целите на вежбата (Висбаден, СР Германија).
11-15.09.2023 – Конференција за изработка на концептот на вежбата (виртуелна)