Претставници од Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE/NATO) остварија посета на воздухопловната бригада.
Посетата имаше за цел извидување на капацитетите со кои располага Армијата, напредокот и плановите од доменот на ASDE програмата (Размена на радарска слика со Република Грција), Air Policing (воздушно патролирање), како и за NATINAMDS – NATO (Integrated Air defense and Missile defense system) – учество на Република Северна Македонија во колективниот НАТО одбранбен систем за противвоздушна одбрана.
Делегацијата беше информирана со моменталните проекти, достигнатиот напредок како и предизвиците што не очекуваат во иднина. Во продолжение на посетата беше реализирана и обиколка на објектот планиран за центар за командување и контрола со воздушниот простор.
ГИ/ЧС/БН