Денес во првата пешадиска бригада (1.пбр), тенковскиот баталјон и третиот пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1.пбр, од страна на тим, кој се состоеше од претставници од ВС на Република Франција и Сојузна Република Германија, беше реализирана посета на единиците на Армијата согласно одредбите на „Виенскиот Документ 2011“.
За време на посетата тимот беше запознаен со историјата и мисијата на единиците, организациско-формациската структура и главната опрема, локацијата на потчинетите единици, терените за обука, активностите, трансформацијата и идните планови.
По реализацијата на презентациите, претставниците од штабот на единиците одговараа на прашања на членовите на инспекцискиот тим, по што сите заедно присуствуваа на ТТ зборот на кои беше презентирано вооружувањето и опремата со кои располага единицата.
ГЃ/ЧС