Во периодот од 26.01.-06.02.2025 година, штабни офицeри од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), учествуваа на меѓународната теренска вежба ,,Kis 25“ во Карс, Република Турција. Заедно со нашите припадници учествуваа и учесници од армиите на Турција, Азербејџан, Бахреин, Бангладеш, БиХ, Грузија, Италија, Казахстан, Косово, Пакистан и САД.
Вежбата „Kis 25“ имаше за цел да ја развие интероперабилноста и работата во мултинационална средина, да ја поттикне размената на искуства, да поттикне споделување на научени лекции со останатите учесници на вежбата, подобрување на процесот на донесување на воена одлука за ангажирање на единиците со реализација на офанзивни дејства со копнените сили, поддржани со воено воздухопловство.
Доделените задачи на штабните офицери од 1.пбр во штабот на корпусот и бригадата, во чии секции беа поставени, навремено и професионално беа извршувани на потребното ниво и согласно целта на вежбата.
За учесниците, во склоп на вежбата беше организирана посета на културното наследство на градот Карс и на саемот на турски производители на воена опрема, на воениот полигон каде што се реализираше и вежбата.
ГЃ/СН