На ден 04.07.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира активноста „Размена на искуства околу опремување, обука и оценување на баталјонската борбена група по OCC E&F програма“ со вооружените сили на Босна и Херцеговина (ВС на БиХ).
Делегацијата предводена од заменикот на командантот на оперативната команда за операции од ВС на БиХ, бригаден генерал Кенан Даутовиќ, беше пречекана од страна на Заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев.
Во текот на посетата пред делегацијата од Бих беше реализиран брифинг за организациската структура и мисијата на ЗОК, презентација за опремувањето на лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како и краток осврт на досегашните декларирани единици од Армијата и оценувањата кои се реализирани.
Армијата со вооружените сили на Босна и Херцеговина од самото нејзино формирање во 2006 година има развиено одлична билатерална воена соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се образованието, обуката, вежбите, воено-медицинската обука и друго.