Во изминатиот период, припадниците од одделението за сузбивање на криминалитет во одбраната (оСКрО) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП) реализираа стручно-специјалистичка обука од својот делокруг на работа во касарната “Илинден“.
Во рамките на обуката, беа разработени темите од Прирачникот за постапување со материјални траги од место на настан, издаден од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР. Со практичната разработка на постапките се овозможи унифицирање на процедурите, методите и техниките за обезбедување на материјални докази при истрагите на место на настан, како и техничките средства за обезбедување на увидот.
Преку совладување на темите, припадниците од оСКрО ќе се стекнат со висок степен на стручна оспособеност во однос на криминалистичко-техничката обработка на местото на настан, односно добро ќе ја познаваат природата и потеклото на материјалните траги (како тие настануваат, како треба да се пронајдат, предизвикаат и фиксираат), како и да знаат истите да ги толкуваат и анализираат уште на местото на настанот врз основа на нивниот распоред и состојбата во која се затекнати.
Обуката се реализираше со почитување протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на COVID-19 и протоколот за начинот и условите за организација на настани за заштита на учесниците согласно препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од болеста Ковид-19.
МК/ЃТ