Во период од 11 до 14.11.2019 година, на локации во касарната „Илинден“ и ЦО „Пепелиште“ баталјонот за врски реализира вежба на командно место (ВКМ).
Вежбата се реализира преку извршување на активности на командата и штабот во теренски услови и реализација на воено стручно обука со персоналот, согласно динамичкиот план за реализација на ВКМ.
Четата за мобилни информациски комуникациски центри реализира тактичко стручна вежба (ТСВ), преку ангажирање на водот за интегрирани врски во поставување и опслужување на центар за врски на командно место, преку различни начини на интеграција на интегриран систем за врски во глобалниот комуникациски информациски систем на Армијата.
На вежбата баталјонот за врски со дел од своите капацитети од стационарниот и мобилниот комуникациски и информациски систем изврши проверка на сопствените можности за извршување на доделената мисија. Со ВКМ и ТСВ во теренски услови се дава јасна слика за можностите на баталјонот за врски за извршување на доделената мисија, односно обезбедување на комуникациско информациска поддршка на процесот на командување и контрола на стратегиско и оперативно рамниште.
Резултатите од изведување на вежбата ќе придонесат во целосното согледување на воено стручната обученост на персоналот, поединечната и тимската работа, како и организација на животот и работата во единицата.
Заеднички заклучок е дека истата претставува одлична можност за проширување на досегашните и стекнување на нови знаења и искуства за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваме во текот на извршувањето на задачите од доменот на врските.
ДД/ЧС