По отпочнувањето на третиот циклус на менторирање од страна на персоналот од третата ротација за менторирањето на 4. Бригадата за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB) во текот на денешниот ден во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец се реализираше обука на тема „MISSION COMMAND“ односно „Мисија на командувањето“.
На обуката во присуство на командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Сашко Лафчиски, присуствуваа и началникот на штаб, началниците на секциите во штабот и сите команданти и главни подофицери на прво потчинетите единици на 1.пбр.
Целта на обуката беше размена на искуства со припадниците од 4.SFAB на темата која ги разработува процесот и принципите на командувањето кои треба да ги реализираат подредените, разбирајќи ги намерите на командантот, нивните сопствени мисии и контекстот на тие мисии, каков ефект треба да постигнат и причината зошто треба да се постигне.
Досегашното присуство на (4.SFAB) во 1.пбр имаше позитивно влијание врз целокупниот процес на менторирање во подготовката и реализацијата на обуката како и во размена на искуствата и системот на функционирање на Армијата на САД и нашата Армија.
ГЃ/СЛ/ЧС