На 29 септември 2026 година, согласно годишниот Календар за обука на командата и штабот на Баталјонот на Воена полиција (бВП), клучниот персонал од командата и штабот на бВП, со потчинетите единици, реализираа командантско извидување со кондиционен марш во зоната на одговорност во источниот дел на државата, во поширокиот реон на Куманово и Крива Паланка.
Целта на оваа активност беше извидување на просторот како дел од обуката за тактичко планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, организација на одбраната, како и начинот на воспоставување содејство и координација со останатите релевантни субјекти на теренот.
Со вакви активности, припадниците на Баталјонот на Воена полиција континуирано ја одржуваат и унапредуваат својата борбена готовност, придонесувајќи кон зачувување и зајакнување на безбедноста и исполнувањето на поставените задачи и мисијата на единицата.








