Старешините и цивилните лица од командата на Команда за операции (КО) реализираа рекреативен марш во должина од околу 7 км.
Појдовна точка на учесниците на маршот беше стариот пат Куманово-Крива Паланка до мостот на реката Пчиња. За време на реализацијата на маршот учесниците имаа можност да се запознаат со дел од теренот и природата во поширокиот реон на општина Старо Нагоричане.
Маршот е планска активност согласно Годишниот план и календарот за обука на КО за 2022 година. Целта на рекреативниот марш е одржување на физичката подготвеност на персоналот од командата на КО, а воедно претставува и можност за рекреација.