Во рамките на цивилно воената соработка (ЦВС) во текот на месец март и предлог активности за популаризација на АРМ, командантот на гарнизонот Тетово, потполковник Атанас Пановски реализираше средби со дел од градоначалниците во зоната на одговорност на гарнизонот Тетово.
Средбите започнаа на ден 05.03.2014 година со градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески, потоа на ден 21.03.2014 година со градоначалникот на општина Дебар, Ружди Лaта и на ден 27.03.214 година со градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта.
Во текот на овие средби со градоначалниците на локалните самоуправи се дискутираше за воспоставувањето и продлабочувањето на соработката од доменот на ЦВС, како и промоција на АРМ на отворени денови во касарната, заштита и унапредување на животната средина, датумите за реализирање на концерти на воениот оркестар, присутство на екипи од општините на спортски натпревари со единиците на АРМ и други настани.