На ден 25.09.2019 година во касарната „Илинден“, во гарнизонот Скопје претставници од инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа средба со високи претставници на Армијата на Република Италија.
Посетата имаше за цел реализација на експертски разговори и размена на искуства со тимовите од инжб за пронаоѓање и уништување на неексплодирани убојни средства (НУС). За таа цел, претставниците од инжб организираа работилница за менаџирање со муниција и минско-експлозивни средства и размена на искуства, персонална поставеност и материјална пополнетост на тимовите. Исто така беше реализиран брифинг и показна вежба со елементи на пронаоѓање и уништување на НУС.
Командантот на инжб ги запозна посетителите со капацитетите, расположливите сили и средства со кои располага нашата Армија, како и со реализираните обуки. На завршниот состанок претставниците од двете Армии постигнаа договор за понатамошна соработка во делот на обуките и размена на искуства од областа на НУС.
СЈ/ЧС/БН