Персоналот од командата на „SEEBRIG“ придружуван од заменик командантот на 1.пбр полковник Горан Петрушевски, беше во посета на 3.пешадиски баталјон и 4.пешадиски баталјон, од 1.пешадиска бригада (1.пбр).
Во рамки на посетата беше реализиран брифинг, со кој персоналот од командата на „SEEBRIG“ беше запознаен со историјата, мисијата на единиците, организациско-формациската структура, опремата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука како и активностите кои ги имаат единиците за наредниот период како и за идната трансформација на баталјоните.
По завршување на брифингот во кругот на касарните се реализираше тактичко техничкиот збор (ТТ-збор), на кој со доследно презентирање на неколку работни точки присутните имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користат во единиците.
ЧС