Денес (13 декември) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на штабен персонал „КОСА-ГГ“ во Авганистан.
Од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски се потенцираше дека од овој состав се очекува успешно претставување и беспрекорно извршување на задачите, кое АРМ го покажа низ учеството во досегашните мировни мисии, со што ќе придонесат за афирмацијата на АРМ и Република Македонија.
Воедно, беа соопштени и надлежностите кои ЗОК ги има кон мисијата „Одлучна поддршка“ како и одговорностите на персоналот во текот на извршување на задачите во мисијата.
Во изминатиот период штабните офицери ги завршија предвидените подготовки потребни за успешно извршување на задачите во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан.
ЧС/НЈ/ПА