Денес, 26.08.2015 година во просториите на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), се реализира примопредавање на должноста Заменик на Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) помеѓу генерал мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност бригаден генерал Павле Арсоски.
На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се обратија: командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, генерал мајор Мухамет Рацај и бригадниот генерал Павле Арсоски.
Во своето обраќање пред присутните генералот Ѓурчиновски истакна дека со денешното примопредавање на должноста командата на ЗОК продолжува со извршување на сите предвидени и планирани активности со несмален интензитет, особено затоа што генералот Арсоски сега како прв соработник добро е запознаен со сите активности кои ги реализира ЗОК.
Генерал мајор Мухамет Рацај искажа особена благодарност на целокупниот колектив на ЗОК за севкупната поддршка и несебичниот ангажман во времето додека тој ја извршуваше должноста заменик на командант на ЗОК, притоа на новопоставениот заменик на командант му посака успешно обавување на должноста.
Новопоставениот заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски обраќајќи се на присутните истакна дека во понатамошниот период не очекува успешна соработка и максимално залагање во извршување на задачите, воедно се заблагодари на генералот Рацај за резултатите кои ги постигнуваше ЗОК во досегашниот период и вети дека Здружената оперативна команда ќе продолжи да постигнува резултати со кои ќе се гордеат сите.
На крајот на свеченоста од страна на припадниците на ЗОК на досегашниот заменик на командант на ЗОК генерал мајор Мухамет Рацај му беше врачено пригодна резба со грбот на ЗОК за сеќавање на деновите проведени на должностите кои ги обавуваше во командата.