Тим од армијата на Обединетото Кралство предводен од потполковник Даглас Рид, од 15 до 17.10.2019 година беше во посета на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Тимот, најпрво беше примен од страна на командантот на бригадата, полковник Бесник Емини.
Во командата на 1.мпбр, тимот со краток брифинг беше запознаен со историјата на бригадата нејзината сегашна формација, локацијата на потчинетите единици, терените за обука како и за идните планови на бригадата. По завршувањето на посетата на командата на бригадата, тимот од Обединетото кралство, во придружба на командантот на 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб), потполковник Горан Петрушевски, замина во дводневна посета на 2.механизиран пешадиски баталјон.
Посетата во 2.мпб започна со брифинг за неговата формациската поставеност, средствата со кои располага и борбена подготвеност на баталјонот. Во деновите на посетата на 2.мпб, тимот од армијата на Обединетото Кралство се интересираше за сместувачките капацитети на касарната „Јане Сандански“ во Штип, условите за живот и работа на припадниците на баталјонот, терените за обука кои ги користат припадниците на баталјонот како и за потребите за обука на Лесната пешадиска група која е најголемата декларирана единица од нашата армија.
Тимот во рамките на обиколката на терените за обука на припадниците на 2.мпб, присуствуваа и на гаѓањето со далекострелна снајперска пушка на стрелиштето „Пенуш“.
Посетата на 2/1.мпбр од страна на тимот од армијата на ОК заврши со посета на армискиот полигон Криволак, кој припадниците на 2.мпб го користат за обука на своите поголеми состави.
ДЈ/СМ/ЧС/БН