Припадници од извидувачко разузнавачкиот баталјон (ИРб) од составот на Командата за операции Во период од 5 до 15 октомври учествуваат на воената вежба „Cambrian Patrol 23“ во областа Брејкон Велс во Обединетото Кралство на која во конкуренција од 100 екипи кои учествуваа на натпреварот со остварени повеќе од 55 проценти остварени задачи освои 3 место и бронзен медал.
За време на вежбата, која се состои од неколку фази, од по 48 часа, тимот составен од 10 припадници од ИРб учествуваше во втората фаза на натпреварувањето во период од 07 до 09.10.2023 година. За време од 48 часа нашиот тим имаше задача да патролира долж теренот на Црните планини од масивот Камбриан, каде што самиот тим помина повеќе од 70 км со целокупната опрема, тежина, индивидуална и колективна и со ранец тежок околу 35 кг. На тешко прооден терен, под лоши временски услови поминаа и извршија успешно околу 10 инциденти (планирање, поминување преку контаминирано земјиште, поминување преку водена површина, извидување на цел, премин преку минско поле, медицинска евакуација, повик за оган, препад и дебрифинг).
За време на патролата целиот тим мотивирано, безрезервно, несебично и нештедејќи се ги извршуваше сите зададени задачи и поставени предизвици.
Вежбата „Cambrian Patrol“ е една од 5-те најтешки и најкомплексни воени вежби во светот.