На ден 20.09.2017 година успешно е реализиран испит за полагање на прва категорија на стручна борбена оспособеност (СБО) со пилоти и техничар летач од составот на воздухопловната бригада (вбр).
Имено потполковник Драган Павловски полагаше на тема „Процес на обука на пилоти од психолошки аспек“, потполковник Игорчо Стоименовски на тема „Квалитети и особини на инструктор и наставник по летање“, потполковник Кире Богдановски на тема „Заштита на хеликоптерите од пешадиско вооружување, лесни ПВО системи и ракетни фрлачи (тактичко летање, активна и пасивна заштита и др)“ и главен наредник Дејан Нацевски на тема „Подготовка и извршување на пробен лет со хеликоптер Ми-24“. Испитот се реализираше пред испитна комисија во состав полковник Роберт Малезански, полковник Драги Ѓошевски, полковник Владимир Лазаров и наредник Сашко Плачков.
Прва категорија на СБО претставува највисоко достигнување, односно највисока борбена оспособеност во кариерата на еден пилот или техничар летач.