Во време од 26.11. до 28.11.2013 година командата и штабот на 1.механизирана пешадиска бригада изведе Вежба на командно место – „ЕСЕН 2013“. Командант на вежбата беше командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Павле Арсоски.
Целта на вежбата е извежбување на персоналот од командата и штабот во прикажување на оперативната ситуација на карта, одлука на штабот во тимска работа во процес на донесување на воена одлука, размена на информации помеѓу секциите на штабот, изработка на оперативен план и симулирање на истиот на карта.
Вежбата се реализираше во 4 фази и тоа: подготовка на изведување на вежбата, изведување на вежбата, поседнување на реоните за употреба и враќање во касарната. Сценариото е базирано на фиктивен настан и не претставува вистински настан кој ќе се случи во иднина. Операцијата во зоната на одговорност се изведува под името „ЗДРУЖЕН МИР“.
Во подготовките за изведувањето на вежбата со персоналот од командата и штабот се формира тим кој го изработи сценариото и концептот на операции и беше обработена темата „Процес на донесување на воена одлука“ која ја реализираше НШ полковник Зоран Милески.
По отпочнување на динамиката, командата на бригадата во оптимално време донесе одлука и ги изработи потребните борбени документи. За брзо време единиците се дислоцираа во реонот на употреба и се пристапи кон решавање на инциденти од страна на раководството на вежбата.
По успешното изведената операција и воспоставување на мирот, учесниците на вежбата ја реализираа и последна фаза од вежбата, а тоа е успешно враќање на штабовите во своите мирновремени локации.
Од извршената анализа на вежбата, произлезе заклучокот дека целта на вежбата е целосно реализирана, покажан е висок степен на професионалност и извежбаност на командатa, штабот на бригадата и штабовите на потчинетите единици и успешно се вградени искуствата и знаењата стекнати од учеството на голем дел од персоналот на планирачки конференции и мултинационални вежби во земјите на НАТО алијансата.