Врз основа на Годишниот План за 2019 година, припадници на командата и штабот на баталјонот на Воена полиција, во периодот од 7 до 10.10.2019 година на локации во касарната „Илинден“ и во реонот на стрелиштето „Стенковец“ реализираа вежба на командно место.
Цел на оваа вежба е припадниците да се извежбаат и оспособат во примена на процедурите во текот на процесот на донесување на одлука (ПДВО), изработка на документи согласно НАТО стандарди и процедури, чекори од ПДВО во изработка на оперативна наредба за употреба на единиците на баталјонот на Воена полиција, како и надградување на воено-стручните знаења.
Вежбата на командно место е реализирана со фиктивно сценарио на три точки и тоа: подготовка за изведување на вежба, реализација на вежба со командантско извидување на терен и зона на одговорност и реализација на боево гаѓање со лично вооружување.
Во анализата на вежбата заклучено е дека персоналот на баталјонот на Воена полиција успешно ја реализира вежбата и постигна висок степен на извежбаност, професионалност, оспособеност и тимска работа.
ДЃ/КН/ЧС/БН