Во период од 17.09.2019 година до 19.09.2019 година во баталјонот за врски (бв) се реализира „Обука во теренски услови“ со четата за мобилни информациски комуникациски центри (МКИЦ) во реонот на село Нова Брезница.
Со дел од своите капацитети од стационарниот и мобилниот КИС (комуникациски и информациски систем), баталјонот за врски изврши проверка на сопствените можности за извршување на доделената мисија, како и мобилна комуникациско-информациска поддршка на другите единици за врски. Со оваа тактичко стручна вежба во теренски услови и реална логистичка поддршка се дава јасна слика за можностите на баталјонот за врски за извршување на доделената мисија, односно обезбедување на комуникациско информациска поддршка на процесот на командување и контрола на стратегиско и оперативно рамниште.
Оваа вежба претставува заокружување на еден од циклусите на обука на персоналот во поставување и одржување на постојаноста на КИС со премин од стационарни во теренски услови на поддршка на командување и контрола.
Исто така, во наведениот период беше реализирана и вежба на карта со персоналот од командата и штабот и тактички марш во должина од 10 км. Во текот на активноста беше реализирана обиколка на вежбата од страна на Заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев и полковникот Тони Димов, како и посета од страна на ученици од подрачното основно училиште „Драга Стојановска “ – Долно Соње, Општина Сопиште.
ДД/ЧС/НЈ