Припадниците од тенковскиот баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада – Здружена оперативна команда, реализираа подготвителни гаѓања со вооружување на Оклопно Механизираните Единици (вОМЕ) на тенк Т-72 на стрелиштето за гаѓање со вОМЕ на Армискиот пологон Криволак.
Гаѓањето претставува континуитет на планираната обука и вежби со новопоставениот персонал во тенковскиот баталјон и притоа беа реализирани подготвителни гаѓања на реден број 9 и 10 со противавионски митралез НСВ 12,7 мм, во согласност со Упатството и програмата за гаѓање со вооружување на ОМЕ.
Предвидените гаѓања беа успешно реализирано и беа постигнати завидни резултати со што уште еднаш беше потврдена сплотеноста на припадниците од тенковскиот баталјон со тенкот Т-72.