Со свечено доделување на зелените беретки, сертификати и обележја на единицата, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, официјално заврши ренџерскиот курс 2024/2025 година.
Новите припадници на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон (ИРб) во изминатите шест месеци поминаа низ низа физички, психички и интелектуални предизвици сè со цел да се стекнат со статусот и звањето припадник на ИРб-ренџер.
Курсот се реализираше во различни временски и метео услови, на различни терени низ Република Северна Македонија, а се состоеше од теоретска и практична настава проследена со периодични тестирања. Само најупорните, најспособните и најмотивираните издржаа до самиот крај.
Со добивањето на зелената баретка и обележјата на единицата, новите припадници на ИРб-ренџери застанаа во строј до своите колеги и официјално станаа дел од оваа единица.