Главниот подофицер на Армијата, главен наредник Горан Ќирковиќ, учествуваше на 21. Годишна меѓународна конференција на главни подофицери (ICC), што се одржа од 26 – 30. 05. 2025 година во Лисабон, Португалија.
Главниот наредник Ќирковиќ беше дел од 150-те главни подофицери од 28 земји членки и партнери на НАТО. Конференцијата послужи како платформа за размена на информации, зајакнување на соработката и подобрување на интероперабилноста меѓу подофицерскиот кор на Алијансата и нејзините партнери.
Централните теми на годинашната конференција вклучуваа професионален развој на подофицерите, подготвеност на трупите и модерни методологии за обука. Учесниците, исто така, преку повеќе брифинзи имаа можност да добијат ажурирани стратегиски информации од Сојузничката команда за операции (ACO) на НАТО и Сојузничката команда за трансформација (ACT), преку кои се обезбеди разбирање на еволутивната безбедносна средина и улогата на подофицерите во неа.
Учеството на главниот подофицер на Армијата ја зајакна континуираната посветеност на Армијата на Република Северна Македонија кон стандардите и партнерствата во НАТО, како и виталната улога на подофицерите во придонесот кон подготвеноста и ефикасноста на вооружените сили.